Сам, со туѓото минато како со свое
со своето како со туѓо
со „стодваесет и петте гласови“
кои, секогаш одново, го наговараат
да се оддалечи од живата стварност
сѐ додека таа, неповратна, не се претвори
во јаз кој не се објаснува
и кога ќе се преживее.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)