стварност (имн.) - е (гл.)

На насловната страница на Wall Street Journal пишуваше дека виртуалната стварност е „електронски LSD“. Тоа е глупост.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Стварноста е убава, ако ја гледаш како убава; нејзината суровост попушта пред твојот милослив поглед.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
- Балканската стварност е тврдоглава, - ми вели другиот и го крена чеканот врз мојата глава.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Стварноста е руда од која со испирање се добива сон! (фрагменти од манифестите на В.Пиштало) 6 Margina #3 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
„Ние ја контролираме материјата затоа што го контролираме умот. Стварноста е внатре во черепот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ти веруваше дека стварноста е нешто објективно, надворешно, нешто што постои само од себе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)