Ќе се вратите пак кога ќе помислите дека е свршено со мене. Мојата жолта старост ќе ја купите за една обична дневница. Но луто ќе се излажете што го оставате мојот корен зашто вашите брчки пак ќе ги лечите со мене.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
— Море, какви арамии, Трајко, — јас ли на старост ќе и бркам тиа работи! Не ме гледате една вреќа коски су се сторил и ошче се плашите од мене, баму бељата — и се насмеа под мустаќ да не се забележи тревогата во него од вистината што ја погоди овој негов продаден комшија.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Секој од нас до староста ќе копа, годините така ќе се топат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Суви ќе сме- ковчиња и кожа- во Шумшул- град старци ќе се множат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
— Ами како, Јован Паленѕов су јас, од П'чишча, — одговори дедот Јован и сакаше да седне на тревата.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Имаше чуено дека векот на борот е околу седумдесетина години, но ако е посадено во чест на родено дете, тогаш векот му е сврзан со животот на тоа дете: може и подолго да живее, а може и покусо, зависи колкава старост ќе доживее тоа дете.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Ако ми живо остане, доб'ка старост ќе вати од седумдесет години, — заврши бабата Маловица со наречувањето. а додека таа наречуваше другите само викаа „амин, амин, амин, боженце златен, така да биде“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)