Стариот се смеел... Не знаел како да ја изрази својата радост.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Сите убедувања на стариот се разбиваат во нивната тврдост, како вода плисната на восочна површина.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Стариот се силеше да се смешка лукаво, но неговите бели мустаќи, провиснати како шилци, ја поклопуваа студено таа насмевка, и само малите очи му светеа со некоја барана веселост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Стариот се помрдна и ми направи место на клупата, но не седнав, туку се потпрев на ѕидот и запалив цигара, за друштво.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
А него зошто не го тепаш? покажуваше кон брата си. Стариот се веднеше. Така.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Свршена е работата. Стариот се смешка.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)