Почна да му се врти во глава мислата дека освен за дијамантот, старецот ќе го искористи и за други работи, за гатање судбини на други луѓе, од гатање може многу да се добие!
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Не сакав да се крие пред своите врсници и да плаче ноќе поради мене. Не сакав да живеам во него уште еднаш и ( не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно и каде) не ти реков ни збогум.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Сепак...еднаш...еднаш ќе бидеме слободни.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
А кога старецот ќе се врати, момчето пак ќе остане со него, до крајот на зимскиот распуст.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Верувал дека игуменијата Минадора и некои од старците ќе знаат како да ја совладаат чумата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Челникот со лузна на лицето тајно го испратил Спиро Првославец во Кукулино: сите што ќе можат да ѝ појдат на дружината во пресрет.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Суви ќе сме- ковчиња и кожа- во Шумшул- град старци ќе се множат.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Не сакав да живеам во него уште еднаш и (не знаејќи дека мојот старец ќе живее во мене повторно, сеедно кога и каде) не ти реков ни збогум.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)