Тоа бил миг што еднаш во годината се јавува: наеднаш од две страни зачикчирикале две птици исплакнувајќи си ги грлата со сончева гаргара; потоа попукале сите возможни пупки на дрвјата и на грмушките, бело, жолто и румено, и го поплавиле светот со сладок мирис од кој и лицата на старците се измазнувале; и потоа од проѕирните далечини како да надошле златни потоци.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Што било потаму? Ништо... Кога до жолчка понижениот Адам Лесновец (самиот тој од гордост си го измислил славољубиво второто име) се вратил во пештерите и кога раскажал, издувувајќи ја со зборовите и маката од себе, дека се повлекол пред жените зашто не сакал да ги тимари (кобилите, рекол) со ластегарка од жал кон животворното млеко што можело да им секне а кое утре требало да ги израснува идните каменоделци, луѓето се насмеале.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
„Гледај, Рози, сфати. Домаќин... он...,“ старецот се обиде да најде соодветен англиски збор за Домаќин, но англискиот збор домаќин, кој беше најсоодветен не постоеше во неговиот вокабулар.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Еразмо првин се изненади од леснотијата со која старецот се одвои од својот дијамант, но веднаш потоа се прибра и рече: -Не, јас не сакам материјални богатства.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Старецот се распрашуваше за сѐ, богословот расправаше за сѐ весело наслушнувајќи се самиот себе:војната има сто очи запалени, и сто 'рбети железни, и сто усти гладни и крвави, па оди како стоногалка на нас, а господ светот го заборавил, му завртел грб - црвчиња сте вие, пијаничиња, туѓи жени задевате. Па штом е така, удрете.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Старецот се сметаше себеси за среќник Бидејќи му се измолкнал на фатот на судбината.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)