старец (имн.) - стои (гл.)

Старецот стоеше крај оградата, потпрен на еден дирек, висок, убав, вистински планинец, како најубав жив споменик на оваа дивина и убавина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Старецот стоеше на своите јаки нозе и се потпираше на тешка ластегарка.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Старецот стоеше таму и држејќи во рацете нешто покриено со конопна крпа не се решаваше да зачекори нанапред, накај завојувачите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Старецот стоеше сѐ уште носејќи ја ламбата, пред една слика во рамка од ружино дрво што висеше од другата страна на каминот, спроти креветот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)