старец (имн.) - разговара (гл.)

Во текот на денот една девојка си ги броеше прстите на нозете, една старица се обидуваше да протне јаже низ иглени уши, еден старец разговараше со аголот, еден млад човек се тресеше од страв од десниот ракав на својата кошула, една жена…, еден маж…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во текот на денот и во будните часови од ноќта сите во Гнездо правеа нешто што ги откинуваше во посебни светови, издвоени, сами.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)