стапица (имн.) - на (предл.)

И така народот е притеснет во стапицата на својата „судбинска линија” што му ја смислија изветреани глави и политички кабадахии.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
„Маргина“ не е против хелиоцентризмот, логоцентризмот (фалоцентризмот!), антропоцентризмот, туку против центризмот воопшто, или, подобро речено (бидејќи перспективно патот кон излегувањето од дихотомиските стапици на умот - е бескрајно долг), „Маргина“ ќе настојува да го афирмира тој (еколошки) концепт на повеќецентралност и да ја унапредува онаа граѓанска свест за релации и релативност.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
И така, во Атеистичкиот музеј во Скадар ми беше фрлена анатемата како на непоправлив неверник во сталинската идеологија на родната земја, ми се стеснуваше стапицата на некаков имагинарен реванш без реални причини.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Без да се предвидат сите стапици на многуте животни искушенија, многуте испреплеткани жили на очајот, недоразбирањата, изгубеноста и стравот на споулавеноста пред утрешниот ден, можеше да се верува дека животот е бескраен сончев простор во кој она што живее, дише расте е бесмртност и вечност.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Некаде во тоа време, во тивките снежни зимски ноќи Рашела везеше сини шари на платната за својот мираз под будното око на мајка ми, која ја подучуваше девојката на нови, сложени везови, а самата го крпеше домашниот веш и нашите чорапи, непрекинато и со тивок спокоен глас кажувајќи ѝ којзнае какви сѐ не приказни за тајните на бракот и стапиците на животот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Доаѓаа и разговараа над мене, не знаев кој и не знаев што, конечно легна врз мене мрак на треви или мека сенка на облак, или можеби ме фати стапица на недолговечна смрт, умирав, мислев дека сум мртов, дека смрзнатата кожа ми е гроб под кој веќе нема ни движење ни надежи, нема ништо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И мислев дека коските ми се без тежина, ветришта свират низ нив, ќе ме покријат, заспан и без соништа, без треви и без облаци.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И јас, на свој начин, се обидувам да останам недоследен во моите одговори, понирајќи далеку, далеку во замислените стапици на умната Елен Лејбовиц.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Разделбата сигурно не беше од естетски карактер или поради одбегнување на стапиците на ангажманот на поводното пеење на Махмуд Дарвиш.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зошто сме ние толку гладни и бевме многу тивко тажни песни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се разбира немоќниот волк фатен во стапицата на крвожедните ловци би требало да асоцира на судбината на владетелот кој по никаква цена не сака да се оддели од власта, штитејќи ги малите немоќни волчиња, односно народот, според логиката на Бургиба.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Живеејќи во Картагина, во таа митска татковина на сега заробениот Југурта, стариот Бургиба, како да бев самиот во стапицата на легендата од која требаше да го најдам излезот во реалното време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше смирен човек, не паѓаше лесно во стапиците на вознесот, на оптимизмот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
А имаше и јасни излези од стапиците на разните – изми.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Трговецот со добиток се покаја што толку лесно падна во стапицата на врагот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Да беше тука свети Ксавиер, се разбира дека ќе можеше да се стори нешто, но, за несреќа, тој сè уште беше на пат...
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Постојано си во некаква стапица на идентитетот!
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)