Ги извлекуваш стапалата од некои диви капини и папрати и не знаеш дали бегаш од некого или бркаш некого.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Во претходниот ден на ова место инженер Александар беше откопал мраморно стапало од човечка нога, па сега, нестрпливи да дознаат понатаму, зафатени од истражувачката треска, сите копаа со мисла: ќе успеат ли да го пронајдат и телото од скршеното стапало.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Стапалото од левата нога скоро не го чувствува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се задржува горе на последното стапало од дрвените скали.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Уште пред акшам, ибн Пајко се довлечка дома, стругајќи ги тешките стапала од врелата калдрма.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Едо е преплашен не толку дека со паѓањето диференцијалот ќе се оштети туку дека ќе падне на стапалата од нозете, ќе му ги здроби.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)