И останатите луди се вознемируваат, некои му се придружуваат на старецот во урлањето кон толпата, други почнуваат да трчаат в место, трети се превртуваат по земјата, некој се смее испуштајќи звук како крескање на птица, некој се чеша од стапалата до главата и назад.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Насобраниот народ е возбуден од глетката, од тоа вревење, прпелкање, од бесот и очајот на лудите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)