Таму, застана, не седна, туку се навали на ѕидот над патот, го остави стапот навален исто така на ѕидот крај себе и си ја преврза шамијата на главата, помина еднаш или двапати со дланките преку градите како да тресе нешто, се потсуреди како што милеше дека ја личи и застана така со дланките една преку друга на скутот.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)