станување (имн.) - од (предл.)

Но, сега веќе тоа со секој ден носеше сѐ помалку бол. Или тоа болта стрпливо му се вселуваше в душа, станувајќи од неа дел.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Овие „работи” се чини дека се оние движења низ кои поминуваме правејќи ги нештата што ги именуваме како: станување од кревет, облекување, вршење нужда, откопчување и закопчување, миење раце и лице, бричење, миење заби, чешлање коса, одење, седнување, подигнување чаша, сечење парче леб, мачкање на леб, ставање во уста, голтање.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тој правеше сѐ помалку и помалку работи, додека на крајот одвај ќе го подигнеше прстот за да стори нешто за себеси.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)