Грета: Изгледа кога човек ги јаде вашите пици од газот му излегуваат невообичаено гадни нешта.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Таква смрдеа има само уште на железничката станица во Бомбај.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Надвор имаше голема врева, најмногу од автомобили, отидов до најблиската автобуска станица во Асниер и бргу се упатив кон Сурен.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Експресот ја намали брзината, зашто влегувавме во железничката станица во Коблец.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ако за „Монпарнас“ се знае дека има најмодерна и најголема железничка станица во Париз, тогаш за „Ла Дефанс“ се знае дека во него е најголемата станица на париското метро.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Речиси разочаран, пак се најдов во холот на станицата, по потрага по некој сонародник, зашто наши луѓе можат да се сретнат на сите перони, на сите станици во Западна Германија.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Додека се спуштате од „Монпарнас“ кон „Сен Мишел“ и навлегувате во Латинскиот кварт, не се губи од пред погледот еден од највисоките објекти кој сега се гради пред железничката станица во Париз.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
На лионската станица во Париз, со експресот, во втора класа, допатувала една средновечна жена од Заечар, со едно тригодишно машко дете.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Во витрините на железничката станица во Келн можат да се најдат сите југословенски дневници а само „Нова Македонија“ ја немаше.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Расеан низ логорите на северот каде што не се пробива ни здив од медитеранските ветрови по кои сега копнее и тој. Во оваа студена пролет на надежната 1945 која го полага својот априлски вел презаситен со мириси на билки и брмчење на инсекти, онаму, надвор од тријажната станица во која на валкани чаршафи, пред очекуваното ослободување на логорот Берген Белзен - лежи Цви Корец.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Патува со семејството и други логораши во германскиот белзенски транспорт некаде кон Дрезден или понапред кон никаде.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Ги качија, значи, на железничката станица во задушливото купе од трета класа, да не свртуваат премногу внимание врз себе, и ги испратија кај вујко им со двајца непознати трговци, негови пријатели и со по десет златници што Моше дома им ги заши во поставите на нивните нови палтенца, грижно кроејќи го да не се познава и зацврстувајќи го со посилен штеп поработ што прецизно го испланира.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Татко беше повикан да оди до станицата во џипот, заедно со секретарот.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Утрото пристигнаа камиони, нѐ товарија во нив и нѐ растоварија пред железничката станица во Битола.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А за некои Ташкент беше последната станица во нивниот живот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
На тргнување, на железничката станица во Софија го пресретнал Гоце Делчев.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
На последната станица во Шутка, човекот само наплати две карти, (колку љубезно од него, нели?), и по едно четириесетина минути бевме назад во Карпош III. 76 okno.mk
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Ги повикаа преку здружната разгласна станица во управата на Задругата, нив двајца, него и Дука, а гласот на задружниот курир се изгуби тупо меѓу куќите, приклекнати под тешкиот снег.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Гостите планинари од Белград срдечно беа испратени од своите колеги на железничката станица во Битола.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
- Викторе, чекај ме утре на автобуската станица во Скопје. Доаѓам со „Ниш експрес“ од Белград.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Потоа го симнал куферот од грб, го положил во тремот на станицата, ја поканил придружничката да седне до него, потоа и тој се прибрал до неа на куферот, и додека чекале да пристигне возот од Битола за Прилеп, на Јончета Ризески Штетата, кој дојде за шеф на станицата на местото на Недлека Акиноски, кого при крајот на последната Голема војна, на повлекување, Германците го убија на станицата во Прилеп, и уште на Крстета и на Ордана Дамчески, кои, едниот како чувар на пругата а другиот како десетар, постојано се вртеа тука, им раскажувал што сè било запишано во тевтерот и додека раскажувал постојано се загледувал во ридиштата а таму врз нив, веќе префлено на оваа страна и на зајдување, сонцето како злато да истурило, така се чинело.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Но во меѓувреме, пред да пристигне на станицата возот од Битола за Прилеп, се случило нешто што многу ги збунило, а потоа и ги насмеало нив тројцата, Јончета Ризоски Штатата, Ордана и Крстета Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Или ќе ги забереа пред пушка и ќе ги отераа во џандармериските станици во Алинци или Тополчани, или во Прилеп или во Битола, ќе ги држеа во тамошните затвори неколку дена, неколку недели или неколку месеци и кога ќе ги пуштеа да си дојдат дома, си доаѓаа посинети од ќотек и со искршени ребра, раце и колена.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Не ми остануваше ништо друго, освен да чекам, па утредента со татко му да заминам со воз.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Кога стигнав на станицата во Кичево се сретнавме со Мане, а јас се правев како ништо да не знам.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Се вработи во Ветеринарната станица во градот, наутро одеше на работа, навечер се враќаше, но сето тоа го правеше без волја, не чувствуваше задоволство од работа со ајвани.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Ни таму, на станицата во Гаково не ги видела, а ни вчера кога се растовараа!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Веројатно во него на прво место била веста за да се израдува татко - дека веќе ги посетувам часовите во машката гимназија Цветан Димов , а потоа за тоа дека парите што ги носев со себе веќе ми се при крај, дека повеќе сум гладен отколку сит ( леблебија за 20 динари), дека кај Нанчо спијам на гола земја откако ја сметувам косата што ја стрижи преку ден, ама дека и тоа во последно време сака да ми го откаже оти не му е пријатно да бидам сведок на она што го прави со некои прибрани жени од железничката станица во заградениот дел со обична хартија за завиткување!
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Никој не прашува ни за познат, ни за роднина, ни кој остана на станицата во вагоните, ни како ќе ја помине оваа опака ноќ.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Некако чудно им дојде на дечињата, па тие знаат, дедо им остана на станицата во Гаково, остана во вагонот, ама тој таму се пикна за да ги натера сите да побегнат од тоа место.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Додека патувате кон станицата во пустина Го слушате гласот на Јосиф Бродски Немо запишан меѓу кориците на Книгата Одглас. Тоа не е крајот. Тоа е само почеток.
„Забранета книга“
од Веле Смилевски
(2011)
Кога го приведоа во полициската станица во Стокхолм во еден момент Кулик престана да глуми пес и почна да дава објаснувања за својот чин.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Татко кој често и неочекувано се препушташе на фугите на егзилот, верувајќи дека во постојаниот бег се крие спасот на семејството, неретко одеше на железничката станица во Скопје да го проучува возниот ред на возовите кои го напуштаа Балканот, знаејќи дека нема никогаш да отпатува со ниту еден од нив.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Лондонски автобус 21-ви век и небо, влажно небо над раскостената земја; лондонска облека и сувенири и јазик долги самогласки, Долги патеки од улицата Оксфорд до станицата во Саутфилдс.
„Омајнина“
од Афродита Николова
(2010)
Додека се занимавав со тие и други прашања, ја повикав железничката станица во Барцелона за да се информирам кога тргнува првиот воз за женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Еден тргнуваше во 7.10 вечерта таа сабота.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Имав два часа да спакувам пар работи и да тргнам кон железничката станица.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Околу 7.15 бев во својот кушет на патот за женева.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Јас таму, во Свети Николе, бев пријател со тој шефот на железничката станица во Овче Поле.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Некој ни ја нагазува жицата, велам, ти беше на станица во Потма?
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Меѓутоа, откривањето на динамитот во домот на Ана (како и додека Милан го носел од станицата во Цариград до нејзиниот дом) значело робија, ако не и крај на животот.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)