Орлан инсистира на тоа дека е феминистка; нејзината уметност, вели, „ги доведува во прашање стандардите за убавина усвоени од општеството... користејќи ја пластичната хирургија за цели спротивни од вообичаените“.
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Повторно го привлекува Кембриџ, првенствено младиот брилијантен философ, Ф. П. Ремзи, кој како осумнаесетгодишник му асистира на Огден во преводот на Трактатот, пишувајќи и осврт на книгата Mind.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Витгенштајн го поднесува Трактатот како докторска теза 1929 година. Членови на испитната комисија биле Расел и Мур, а Муровиот извештај бил: „Моето мислење е дека тезата на господинот Витгенштајн е дело на гениј; но, како и да е, таа во секој случај ги надминува потребните стандарди за степенот доктор по философија на Кембриџ”.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Низ моите перформанси, сакам да се осврнам на статусот на телото во општеството денес и во идните генерации, затоа што мораме да се подготвиме за генетскиот инженеринг.“
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)