Неговиот стан беше седум катови погоре и Винстон, кој беше на триесет и деветгодишна возраст и имаше воспалена проширена вена над десниот глужд, тргна полека по скалите, одморајќи се неколкупати до горе.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
После толку поминати години станот беше истиот, беспрекорно чист и сѐ на свое место.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Станот беше простран со одбрани парчиња мебел и немаше многу ѕидови и врати.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Благодарение на Јурак осумнаесетгодишната Азра се врза со црнците од Нигериското село (така ја нарекуваа деветкатницата во која неколку станови беа исполнети со доселеници од Џеба, Бенин Сити и Енугу).
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Во нивните станови беше мојот рај, во шупата со Ханка беше нашиот заеднички пекол.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Попусто го притискаше со гола рака, таа скокаше околу него ууукајќи... на крајот, мораше да бара помош од соседите зашто станот беше поплавен комплетно.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Еднаш во годината кога станот беше слободен ти ми кажа дека баш тогаш не ти било до ништо!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Тие со месеци не излегуваат од станот!
„МАРГИНА бр. 37“
(1997)
Помошникот началник живееше на висока нога: скалите беа осветлени со фенер, станот беше на вториот кат.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)