Но тој нели излезе жив и здрав од тој пекол, се провлече низ чистилиштето, или подобро речено го извлече оттаму Хрушчов, кој ја сврти страницата на сталинизмот во СССР.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Татко имаше среќа во вистинскиот миг да го спаси семејството од сталинизмот во родната Албанија.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во свеста ми изронуваше распоредот на татковите книги, битката на светите книги со делата на сталинизмот во неговата библиотека.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Посебно во фанатичното продолжување на сталинизмот во Албанија и по неговиот пад во СССР и во сите други земји на Варшавскиот пакт.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Но доживеа директно еден период на сталинизмот во Македонија (1945-1948), како и индиректно, периодот на сталинизмот кој во Албанија го надживеа, оставајќи силни траги во неговата свест.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Сега сите ја гушкавме нашата Сталинка, небаре сакавме да нè разбере дека никогаш нема да ја прежалиме таа наша голема спасителка, сигурно прва жртва на сталинизмот во овој јужен дел од Балканот.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Се вестеа тажните триесетти година на апотеозата на сталинизмот во Русија.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Макар што Татко во тие времиња започнаа нови маки да го мачат, кога се всади сталинизмот во неговата родна земја, а и во земјата на егзилот кои ги делеше навидум отворената и братска граница, не попадна во стапицата на брзото враќање, неговиот егзил имаше длабоки корени.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Тој во тие темни и неизвесни времиња, кога царуваше фашизмот во Европа, откако се спаси од сталинизмот во својата земја, стигна крај Езерото следејќи го патот на јагулите, и останувајќи им верен на ситните паразити, рибите на Езерото и птиците, а посебно на нивните миграторни движења...
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
- Така е, така е, мој пријателе, ако се следи искуството на сталинизмот во однос на јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)