сталеж (имн.) - гледа (гл.)

Аристократската идентификација зазема еден вид естетска или замислена надмоќност во однос на таквите луѓе. ‌Аристократството, така, им овозможува на обезмоќените еден заменски идентитет: таа претставува симбол, фигура, поза (или противпоза) чија функција е да ги изземе оние што ја заземаат од абјектноста на која инаку би ѝ подлежеле.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Омразата, омаловажувањето, жегливиот презир со кој општествено постремежливите припадници на средниот сталеж гледаат на средносталешката култура, а со тоа и си ја потврдуваат надмоќноста и исклучителноста, се непознати надвор од средниот сталеж.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа на средните сталежи им е начин да се издигнат, нешто како Веда во Милдред Пирс, преку презир кон сѐ што е средносталешко (Веда е најсредносталешка токму кога ја презира љубовницата на татко ѝ зашто била „упадливо од средниот сталеж“).
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Никој никогаш не ги нападнал вредностите на буржоазијата онолку жестоко како самата буржоазија (помислете само на Флобер или, впрочем, на целиот жанр на буржоаскиот роман од деветнаесеттиот век). ‌По самата своја дефиниција, тогаш, мелодрамата е неуспешна трагедија.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)