Но кога сексуалните конотации на тоа стакло се разгледуваат во светлината на католичкото воспитување на Дишан, тешко е да се поверува дека токму таа фотографија - на која е прикажана познатата Санта Марија дела Салуте од десна страна, а од лева во далечината се гледа Ил Реденторе - е одбрана потполно случајно.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Рада повторно ја фати средината на автобусот и потпрена до топлото стакло се препушти на сонот.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Стаклото се распрсна на триста парчиња и маслото со водата што беа во него го облеа целиот иконостас и душемето под него.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Свртеа еден круг околу куќата во која живеев, некој фрли и со камен по прозорецот од собата, стаклото се скрши, и јас видов дека Луција избега, дека побрза пред редот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
На плакатот, хоризонталата прикладно е добиена со линијата на допирот на водата и небото, односно со хоризонтот на сцената.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Ми смета што комшиите ми ги бројат ќесите кога се враќам од Тинекс; кога црни коли со црни стакла се паркираат у трава или пред Ристиќева; кога не можам да отидам на базен у зима, пошто некој шапшал не платил нешто; кога не можам да се отарасам од бубашвабите, пошто комшијата од седми немал 80 динара.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)