стаж (имн.) - на (предл.)

Патешествието е веќе во тек“ („The seeker on the way of sound“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Реалните топоними, од расказ во расказ, ја исцртуваат топографската карта на Скопје, градот- лавиринт, непознат и никогаш до крај „видлив“, дури ни за самиот автор, кој, патем речено, поседува извонреден сенс, слух за нервот на градскиот живот и вриеж: „Како што му растеше стажот на таксист, така му се откриваше и Скопје, како октопод, несогласен со своите краци, некаде осветлени, некаде завлечени во темни пукнатини, невидливи за самото животно“(„Влијанието на Хорацио Цвикало врз растот на шарените анти-упатства, III“).
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Станува збор за промена која се однесуваше само за категоријата невработени лица со над 25 години стаж на осигурување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Како што може да се види од Табелата 1, освен кај лицата со стаж на осигурување од најмалку 9 месеци непрекинато или 12 месеци со прекин во последните 18 месеци и кај оние со стаж на осигурување од 7 до 10 години, кај сите останати категории дојде до намалување на времето за кое се прима паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Овојпат, промените во законските одредби ги засегнаа невработените лица кои имаа право на паричен надоместок врз основа на стаж на осигурување над 7 години.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во врска со стажот на осигурување, прво, во 1995 година е прецизирано дека во стаж на осигурување ќе се смета само времето поминато во задолжително осигурување за кое е платен придонес за пензиско и инвалидско осигурување (чл. 11, ЗИДЗПИО/95).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Покрај нив, право на парична помош имаа уште четири други категории невработени лица: жените корисници на паричен надоместок за време на бременост и породување, лицата кои посетуваат стручно оспособување или преквалификација, лицата на кои работниот однос им престанал поради стечај или редовна ликвидација на организацијата во која работеле, како и оние лица со повеќе од 25 години стаж на осигурување (чл. 19, 21, 23 и 36, ЗВ).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Кај нас, во 2008-та, по речиси едногодишно протестирање на дел од овие луѓе кои беа вистински „жртви на транзицијата“, беше донесен Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, а популарно наречен „Закон за стечајците“ (Сл. весник на РМ, 87/08).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За да се стекне со статусот „невработено лице“ во смисла на овој Закон, на коешто би му следувало месечен паричен надоместок во висина од 34% од просечно исплатената месечна нето- плата по работник во Републиката за претходната година (чл. 4, ЗСт), субјектот треба да ги исполнува следниве услови, и тоа кумулативно т.е. сите заедно: 1) да му престанал работниот однос во претпријатие со доминантна сопственост на државата; 2) престанокот на работниот однос да бил по основ на стечај, ликвидација или технолошки вишок; 3) на денот на престанокот на работниот однос имало најмалку 25 години (н.з. работен) стаж на осигурување; 4) работниот однос да му престанал заклучно со 31 декември 2004 год.; 5) да остварил право на паричен надоместок по 7 април 2000; 6) по остварувањето на правото на паричен надоместок да не бил вработен на неопределено време, односно не му престанал работниот однос по негова волја и вина (овие наведени шест услови се регулирани во чл. 2, ЗСт); 7) да не примил испратнина поголема од 12 месечни плати во висина над просечната исплатена месечна нето- плата во РМ во дадениот период (чл. 3, ЗСт); 8) да поднесе барање до Агенцијата за вработување на РМ каде што е евидентирано; и 9) барањето да го поднесе во рок од 30 дена од денот на влегувањето во сила на овој закон (последниве два услова се регулирани во чл. 6, ЗСт).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)