стадо (имн.) - овца (имн.)

Имено, власите во градот одлучиле, за да заштедат пари, тревата во парковите да ја „поткаструваат“ со две стада овци.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Кога сме кај овците, сакам да наведам еден куриозитет, то ест да раскажам за судбината на две стада овци од околината на италијанскиот град Торино.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Од неговото лице се слеваше солена пот.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
По падините пасат белоруди стада овци.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Под врбите, во дебелата ладовина, меризуваа27) безброј бели стада овци и преживаа.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Не виде ли јунак Вардар да премине, Јане, Јане ле Бело грло!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Еден ден, дедо Милос си поминувал тука, терајќи го стадото овци од пасење, кон селото.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Доаѓа Богдан до нивата каде што мајка му го роди и легнува на меѓата под грмушката каде што го пуштил првиот глас и го облева чувство како повторно да се раѓа; ги дише тревките и билките околу себе чувствувајќи ги како мирис на мајчино млеко; гледа во сонцето што се провира низ гранките над него и му блеска в очи како тогаш кога се роди, го слуша пеењето на птиците како да го прославуваат неговото повторно раѓање; слуша крај него кркори браздичка со вода како превртена стомна; слуша во далечина ѕвон на стада овци и добиток, милозвучен што ја разнежува душата; зеленилото му ги исполнува очите со спокојство и милина.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Неколкупати ги помирисав листовите, божем ќе ја осетам аромата на времето, еден цел век на Маказар, исполнет со присуството на добродетелството на Никола Поцо, со неговите карвани коњи и камили, стадата овци, балите волна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Знаеше ибн Пајко, манастирот беше богат, имаше добри приходи од своите ниви, лозјата, стадата овци, и од шумата.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Почнавме да се завраќаме, ко стадо овци се завраќаме назад и тогаш падна команда.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе се скине ко стадо овци и пак ќе се спои.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Полесно е да внимаваш на една пеперуга одошто на стадо овци - го бодреше Загорка.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зарем не? - ќе го прашаше и ќе го бакнеше.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како волци кога гледаат стадо овци, ги наострија сите забите.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Шеесет години не се слуша тапан да удри, кавал да засвири, клопотарци да затропат и стада овци да закитат ридови, новороденче да заплачи, камбана да удри.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Одозгора, низ селото, се покажа стадо овци.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Тогаш овчарите ги потерувале на пасење своите стада овци, бели како снег.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Цели стада овци ќе исчезнале по скришните улици на темнините.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Додека стариот Елисон правеше грниња меѓу стадото овци, и додека Киова Индијанецот ја минуваше пладневната починка на крајот на кујната, под жешкото сонце, Сем лежеше на креветчето, размислувајќи за тоа во колку среќен свет живее и колку им е наклонет животот на оние чијашто мисија во животот е да забавуваат и да поттикнуваат задоволство.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Додека тој се излежуваше, размислувајќи за своите благодати, во дворот срамежливо потскокнуваа мали кафеави зајачиња; ќе го одминеше јато синкави еребици со бели шарки на главата, во еден ред, прелетувајќи дваесет јарди; по некој клукајдрвец во лов на тарантули, ќе скокнеше над оградата и ќе го поздравеше со мавтање на долгата опашка.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Има доволно место на моето пасиште и за твоето стадо овци и за нивниот пораст за долго време.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тоа значи дека тој самиот си ги снабдуваше своите стада овци со дрва, вода и прехранбени продукти, производи на неговиот личен труд, наместо да најмува посебен „наемник“ за тоа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
“ Стариот достоинствено ја изложи својата мака до детали, искрено и со благо воздржување.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Вистинското име на Кинг Џејмс беше Џејмс Кинг, но луѓето правеа инверзија, бидејќи се чинеше дека подобро му прилега и затоа што веројатно тоа му годеше на неговото височество.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)