Го наследија близнаците Крловац од некој свој роднина добротвор и наследија една колиба со многу ненужни предмети: дрвена вила, дрвена лажица, дрвен чанак, дрвен триножец, земјана стомна, земјено грне, стар календар со избледена слика на некаква кралица и сѐ така нешто бесцелно и без функција во еден живот на кој му припаѓаа - колекција на разнобојни срчи од прозорците на некоја градска црква, урната во војната, китка суви непознати треви, куп черги, војнички шлем, карбитена ламба.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стакленото небо на јазикот се распарчи
и прекори сѐ: да нѐ распараа
во секого ќе пронајдеа срчи од неизреченото.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)