Тој се вртеше насекаде, нервозно, задишен, сакаше да се увери дали сите го слушаат, а со рацете мавташе, мавташе тој човек, како да ги вчепкал в раце невидимите јажиња од тишината и сега дрма со сета сила, бесно, - и еве од тие силни удари прскаат некакви стаклени ѕвона и ѕвечат парчосани срчи во оваа крчма.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Кажано поедноставено, без хаику безредија: кога ловецот е плен на неморален морал, и кога некој жирант ќе заборави на навременост од скршените садови на ланската зимница, потонат во мамурлак со срча во крвавите раце ќе сликам акварел, портрет на зборот во тесен чевел. Нено Богдан ***
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)