И страдаше најмногу поради нивната суета која не можеа да ја надминат, ниту пак да ја смират и да сфатат дека оние чии срца тој ги преобратува во верба во Бога им се браќа по вера, а не непријатели.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
- Па тој никогаш не ме остави сам да пресвирам, да се донакажам, велеше Јоше Свирачот, таман ќе ми се стопли срцето тој снег ќе ти фрли во него.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ах, како го жегна в срце тој глас дедо Ивана!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Е, тоа беше златното време на шадханите од кое, фала му на Севишниот, и јас нешто фатив.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Девојките собрани во некоја од авлиите тие песни ги слушаа со тага, вдишуваа од вечерниот мирис на ѓуловите по бавчите, се кикотеа запирајќи го везењето и се дошепнуваа за момчињата врз кои крадешкум им паднало окото или од чијшто поглед им затреперило срцето тој ден; или пак седеа замислени, зашто најголем број од љубовите на Јалија и на Дорќол4 завршуваа неостварени.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)