Бескрајна радост во срце бие мил ми е секој ко брат, ко свој, славата моја кој ќе ја скрие. – Единајст' Октомври- празников мој!
„Мое село“
од Ванчо Николески
(1950)
Ноќта помина, денот-година одминува, времето се растура, заминува низ мене, но кога ќе шепнеш тука сум до тебе, кога ќе ти речам среќа моја си, а ти ќе воздивнеш - и ти на мене, срцето бие, воздух нема, умирам, прекрасно вака, конечно будна, вистината, топлината тука е, на ниту едно друго место, освен во прегратките твои, до срцето твое, каде јас престојувам.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Сакам зошто знам дека сум жив и срцето бие и душата боли, тајна крие и очите солзи лијат, а сепак сум среќен како никој на светот, не смеам да те допрам , но можам да го сакам цветот.
„Од дното на душата“
од Александра Велинова
(2012)
Загледај во сите осамени, сите разделени, и сите ледени врвои и сите ливади зелени, и чуј - додека твоето крило над нив морно се вие како немирно во нив моето срце бие! Не слетувај галебе мој, врати се пак во јатото.
„Слеј се со тишината“
од Ацо Шопов
(1955)