срт (имн.) - пелистерски (прид.)

Не ми доаѓај, мила мајчице, не ми доаѓај под сртовите пелистерски - Може токму тогаш да намине и да ја одмине домата наша...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- *** - Облачиштана се спуштиле над сртовите пелистерски. Како ќе се искачуваш, Ѕвездо моја?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И кога така стишено паднала квечерината врз пресното гропче, души ужалени не додржале, двете пак писнале да тажат - - Леле, росно чедо наше - што се стори ова чудо - ова чудо нечуено? - та зацрни мила мајка и баба ти Петреица - како да те оставиме под сртови пелистерски?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)