срп (имн.) - и (сврз.)

Во меѓувреме, во пазарните денови, кај ковачите во Прилеп, за стасаните принови во домаќинствата за жетва, набавуваа нови српови и ги остреа ланските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нашата молитва треба секаде и секогаш да ни стои на устата, вели, и пред да го земеме в раце српот и пред да ја земеме в раце мотиката, плугот или секирата, вели, и пред да ручаме, и пред да вечераме, вели, и пред да си легнеме, и откако ќе се разбудиме.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Решија чуновите да ги прилагодат на новото време. Дури и ги обоија црвено, а на клунот им цртаа петокраки со срп и чекан.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Го здогледав уште она пламенче во тавчето со балкански гасови, го здогледав и видов како скочи и изгасна од догореност и во истиот момент српот и чеканот изгледа се вкрстија да го симболизираат чинот.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Од рацете уморни одлета жолтиот срп и потпран на ридот се загледа в тихиот крај...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
10. Јас не знам каде ми е некогашната а каде идната куќа, не знам има ли покрив над мојата глава, незнам каде со своето детство, со своите потекла, со своите јазици, не знам каде со својот хрватски, а каде со српскиот, словенскиот, и каде со македонскиот, не знам каде со српот и чеканот, каде со стариот и каде со новиот грб, каде со жолтата ѕвезда, не знам каде со мртвите, ни каде со живите, што ќе правам со минатото и што со иднината ... не знам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Патема собраа со себе што најдоа: луѓе, стока, и за инает ги запалија сите посеви кои веќе чекаа срп и им нанесоа големи штети на селаните. – Море кој ги гледа штетите кога останаа главите – се тешеа селаните и еден по еден се прибираа по селата за да почнат нов живот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)