Не приоѓајте му, Три жени со бели шамии околу главите Седат во полето и го чуваат него Спроти долгото патување низ темнината, низ бесконечните растојанија од студот до огнените знамиња на плодот, не приоѓајте му, Утрово ќе ги искачи ридовите и ќе застане на она место каде што застануваат јулските квечрини да ја гледаат девојката со срп во рацете како оди низ полето и застанува боса среде реката на залез сонцето за да ја оплоди и така размножена да истече со реката до свирепите мориња на усмата, Оставете го, Однесете му тогај вода, дајте му сол, и чист во душата нека си легне во полето да слуша како пеат светулките меѓу ожнеаните стебленца на пченицата.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
- В рака земам една планина ја превртувам два-три пати и ете ти писмо напишано со камејна кое никој, никогаш, никаде и со ништо нема да го избрише...
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Старец го крши надве лебот Во лебот жени со српови во рацете И огнот на летото што светка на нивните разголени гради.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Крстици светлина Острови како храмови се извишуваат над морето по кое пловам а јас копнеам само по еден од нив на кој да се прибере мојот народ та само бесконечноста, морето и ѕвездите да му бидат граници и да гледам утринум секој со срп в раце како жнее крстици светлина зашто само тоа ќе ги израдува моите предци чија адреса е запишана во Светото писмо.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Пред мене веќе стои еден човек со чекан во едната рака и со срп во другата.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)