Кога срната го дојаде сенцето од раката на бате Јолета, тој ја помилува по обравчето, нешто ѝ проговори, како што видовме, и исчезна зад црквата.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
По малку време срната ги обеси ушите, се загледа во нас и тогаш јас видов чудо невидено: Загарот уште накарувачки и заканувачки лаеше, а срната го сврти опулот кон нас, ги рашири очите и почна некако очаено и молежливо да нè гледа.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Срната го погледна малку право в лице, ем како да му благодари, ем како да се чуди, но потем ја ведна главата, отчекори едно мало чекорче наназад, колку подобро да се намести и си почна да си јаде.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)