среќа (имн.) - барем (чест.)

И наеднаш, иако не можев да го видам, го слушнав неговиот глас: - Понекогаш потрагата по она што нам ни се причинува вистина, фрла грда сенка и врз најдобрите намери - слушнав како му реплицира на иследникот човекот затскриен зад светлината што беше вперена во моите очи.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ова го зборуваше со некој друг тон, можеби укажувачки или изнасилено доверлив; згора на тоа не беше свртен кон мене туку кон изворот на светлината што беше вперена во моите очи, и дури тогаш сфатив дека иследникот и јас не бевме сами во просторијата на катот; дека тој не спори со некои од моите изјави туку се обидува мојот случај да му го образложи на непознатиот гостин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Но и покрај грешно избраниот пат и произволно донесените заклучоци, потрагата на младиот човек по вистината треба да се сфати како разбирлив чин.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дај малку среќа барем во тоа, му зборуваше.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа ја повтори и веќе изречената мисла, дека многу ќе се радува во колку ќе се покаже дека греши, но за негова среќа барем досега тоа ретко се случувало!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
- Е кутрата моја мајка, таа имаше среќа барем во смртта. Исчезна веднаш по војната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)