среќа (имн.) - мој (прид.)

Ноќта помина, денот-година одминува, времето се растура, заминува низ мене, но кога ќе шепнеш тука сум до тебе, кога ќе ти речам среќа моја си, а ти ќе воздивнеш - и ти на мене, срцето бие, воздух нема, умирам, прекрасно вака, конечно будна, вистината, топлината тука е, на ниту едно друго место, освен во прегратките твои, до срцето твое, каде јас престојувам.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
- Раскажувај, среќо моја! Што се случува таму долу, во Македонија.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Среќо моја,благодарам што дојде! - беа зборовите на Рада шепнати во цврстата прегратка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Среќо моја, ме заборави! - Не, не! Не сум, тето!
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но среќа моја што сум педантен - во еден тефтер водам евиденција за секое писмо, факс или и-маил што сум ги пратил откако дојдов во Холивуд, така што треба само да ги прегледам сите 3.000 адреси од тој список и вистината сама ќе исплива на виделина.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Не одбив, и среќа моја е што не одбив, оти дознав за уште една своја способност: одржувањето рамнотежа.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, не беше така, за среќа моја: слушнав убаво дека Лествичникот му рече на ноќниот патник во одајата негова да оди и да го чека долу; така рече и никако поинаку, оти слушнав.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
АНТИЦА: Среќо моја, дај сега и јас да те бакнам. (Се бакнуваат).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Дедо ти и баба ти ме дадоа за татка ти што си го сакав, како што и ти сега сигурно некого сакаш, и затоа толку полоша и поцрна излезе среќата моја (Воздивнува).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Но затоа пак со сигурност знам дека се далеку од времето кога благодарејќи на искуството ќе станат барем за мене самиот обврзувачки.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но веднаш наоѓам причина оваа посебност на моите размисли и да ја поддржам: оттука и оној самобендисан заклучок дека за среќа моите зборови се ослободени од хемикалиите што го поттикнуваат закостенувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ама, таква мене ми била пуста среќа моја.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)