среќа (имн.) - го (зам.)

Некогаш, пред дваесет години, тој ги одбиваше стројниците барајќи му на своето чедо што подобра прилика, а кога стројниците престанаа да идат, нему му беше јасно дека е задоволен, дека среќата го зачувала да не ја омажи ќерка си, да си остане таа со него, да не биде тој за неа втор, и спореден, поткошнат па макар и во своја куќа, без право да ја повела.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Се надеваше дека извесно време во текот на ручекот ќе биде оставен сам но лошата среќа го натера имбецилниот Парсонс да се плесне покрај него, ширејќи мирис на пот и речиси исчезна слабиот мирис на јанијата дрдорејќи без прекин за подготовките околу Неделата на омразата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ми стана мило заради неговата милоина. Знаев дека мојата среќа го населила и него.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Твоето приближување за среќа го забележало лицето што е одредено да внимава на Јана!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сигурно и тој се сомнева, особено сега, откако се наоѓа в затвор, дека некој друг од личен интерес го туркал во овој правец".
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Навистина, објасни ми, какви ти беа намерите при преземањето на овој, најблаго речено, чуден чекор“, прашува по којзнае кој пат иследникот .
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Веројатно и тој не верува дека лично среќата го има фатено за рака и го води кон вистинското место!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Внимателно ги разгледав документите и извештаите на иследникот Кожинката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ги повторувам во себеси слушнатите звучни сигнали моделирани во прашање и патем заклучувам дека иследникот е голем итрец а згора на тоа умешен подметнувач на измислени или дотерани сеќавања.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем од тоа патување нема повратни информации, а јас за среќа го немам врвено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Уште пред да можам да замавнам со раката мачката престана да ми го гризе увото и замавна со шепата, зафаќајќи ми ја целата лева страна на лицето, од веѓата, преку окото, кое за среќа го затворив, низ образот, сѐ до устата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кимнав со главата, но таа не ме виде бидејќи се вртеше наоколу барајќи ја Маци.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
За среќа го оставив да мирува во мислите и она мало облаче што како снежно венче постојано го гледам околу главите на луѓето што се занесувааат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Покрај тоа, еден многу краток тестамент со кој јас бев определен за наследник.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Го прегази камион со три приколки сред градскиот метеж и за негова среќа го кренал некој чесен човек, го предал в полиција и ѝ јавил на фамилијата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Татко стана вистински заробеник на оваа повеќезначна мисла на белогардејскиот руски научник кого, сигурно спасувајќи се од сталинистичките логори во Сибир, среќата го донесе крај Езерото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трчаа луѓето, фаќаа пусија, замавнуваа со стаповите, бодинаа со вилата, пукаа со пушки, но него некоја среќа го служеше: целото искрвавено ќе одмаглеше во шумата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)