Среќа е еден убав збор, мисла која те допира оддалеку... копнеж кој те буди наутро...
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Среќа е среќа само кога срцето е нејзин сојузник.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Среќа е сѐ она што те прави жив те прави она што си, те воздигнува до небото, те прави силен и самоуверен.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Дека изборот за човештвото лежи меѓу слободата и среќата и дека, за огромниот дел од човештвото, среќата е подобра.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не ни е недостижно тоа тиркизно небо, ново изгрејсонце, бакнеж со вкус на малина, хоризонт со боја на циклама, ново заљубување и надеж за убав почеток.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Среќата е луксуз откако ќе направиме животна ретроспектива.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
- Среќата е гулаб, ќе падне на рамото, слатко ќе гука, па ќе му текне - ќе летне, - рече безгрижно Глигор.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
- Но таа ѝ припаѓа на шумата, на планината. Нејзината среќа е во слободата.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Негова среќа е Младичот што не гледа во него, туку во белината што почнува да се јавува врз стаклото на прозорецот.)
„Црнила“
од Коле Чашуле
(1960)
Среќата е сирена
и малку е да си сам
да ти се плаче;
среќата е жена
и малку е да си Кам
да си мачен.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Животот ја беше научил Мајка да верува дека човечката среќа е составена од повеќе делови и дека нејзе секогаш ќе ѝ недостига еден дел, понекогаш можеби битниот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)