средување (имн.) - на (предл.)

Занесена во средувањето на расфрланите мисли, не забележа како една црна сенка се спојува со нејзината. Ѝ се причини како две канџи се подготвуваа да се заринкаат во нејзиниот врат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Всушност, тоа беше почетната фаза за средување на просторот помеѓу зградите во станбената населба.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Во следните недели, лекарот постапно, скоро неосетно ја воведуваше Марија во средувањето на библиотеката...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
На татко ми му помагаше во средувањето на сметките од дуќанот и во пополнувањето на даночните формулари, што нему му создаваа нервози и нерасположенија.  Рашела едноставно стана дел од нас, тивка и ненаметлива, ни се наоѓаше на сите, а најмногу на мајка ми.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Во таквите моменти се оддавав на средување на куќата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)