Исконските пориви, инаетот, сомничавоста, подлоста, интригите, се дел од средината која регресира на уште пониско ниво на психологијата на малата, селска заедница која како да ја мотивираат само поривите на борба за самоодржување.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Настанот со случајно откриените знамиња, во чеизниот ковчег на Мајка, внесе голем немир во веќе смирената душа на семејството, привикната на двојноста на егзилот, на мачното, но достоинствено приспособување на новата средина која ги прифати нашите судбини, без поголеми потреси за нивниот натамошен тек. ***
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)