средба (имн.) - веќе (прил.)

Лилица се повлече, ми рече дека нашите средби веќе немаат смисла.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Стегнатата рака при средба веќе не е перцепција на другото тело, туку формален чин, знак.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Половина час пред средбата веќе бевме на Чешмиче. Сите дојдоа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Физичкото сосема исчезнало под означувачките мрежи што го кодифицираат, како телото да е само манифестација на генетски запис.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)