Читателот лесно ќе погоди дали е вистинскиот, дали е токму оној кој единствено може да успее, ако, кога навечер ќе прилегне да ја чита оваа приказна, ќе се присети дали неодамна нашол некаде во тревата, или на улица загубена обетка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Во една од тие среди ѝ рече: „Умре мама.“ Клара молчеше.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Густав ја посетуваше Клара секоја прва среда во месецот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“
од Гоце Смилевски
(2010)
Бидејќи, Господ знае кого случајот ќе го однесе една среда во градината за да го сретне, со чај за двајца, оној кој му недостига во животот...
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Зошто ја лажеш Асенета, кога добро знаеш дека е сосема неизвесно дали нешто воопшто ќе се случи и што може да се случи следната среда во градината на спомнатата кафеана?
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Мајка ми одбиваше да даде какви било информации околу значењето на таа нејзина среда во која двете ќе заминеме за Париз и ме убедуваше дека треба да бидам стрплива и да чекам.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Чекав. Еден ден строго ја предупредив: - Јас чекам и ќе ја дочекам, се надевам, таа твоја среда, ама внимавај како ќе ми соопштиш дека дошла, оти може да побудалам од преголема среќа, може дури и срцето да престане да ми чука и да умрам од радост.
„Игбал, мојата тајна“
од Јагода Михајловска Георгиева
(2000)
Сега, допишувајќи го ракописов во утринските часови на средата во таа недела, тој се плашеше дека може да му се случи да го развлечува раскажувањето само и само да навлезе во последната страница од зелениот блок и така да го подмири својот предрасудок на штета на ракописот, да не му направи услуга на своето дело.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)