Црквата ги величи зашто сама ги создала и ги хранела со иудашки сребереници од нејзината азна, а државата без срам се гордее со кодошлакот, шпионството и одродништвото и како пример на храброст за дечињата уште првиот ден на пречекорување на прагот од градинката, во нивните чисти души го истура отровот на отуѓеноста од родот и во тефтерите ги запишува со грчка пена. 3 ***
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Не се умира од малку јадење, туку од многу срам се умира.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тешко, со срам се поднесува поразот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Фелтфебелот школник, - одговори Рангел. - „Остај, вели, за срам се сторивме“.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Со страв и срам се прикрадувам, среќа што не ме гледаат.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)