спуштање (имн.) - на (предл.)

Меѓутоа, сите наредни обиди направени од страна на Британците да спуштат воени мисии во штабовите на четничките единици на Поречито завршиле со неуспех.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но поради неможноста да воспостави контакт со Каиро, Кларк околу 17 декември заминал за Каракамен со цел да организира спуштање на помош.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Рада само го потврди своето доаѓање. По спуштањето на слушалката, си ја подгризна устата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На оваа област ѝ се давало предност, а не на Приштина, бидејќи, според британските сознанија: а) “Областа меѓу Тетово, Прилеп, Дебар и Битола е предоминантно српска и населението е пријателски настроено. б) Од Пореч групата можела да се спушти“во долината на реката Вардар под заштита на пријатели“, спуштањето на територијата на Приштина било различно поради тоа што членовите на мисијата ќе морале да патуваат “приближно околу 180 км преку непријателска територија со несигурно население“ в) Се сметало дека Порече би бил “подобра база за операции против рудникот Алатини“. 57
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Спуштањето на мисијата било извршено со координација на СОЕ, Кралскиот југословенски центар во Цариград и бившиот војвода и пратеник Василие Трбиќ.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
79 Предвидениот датум, 10 мај, бил одложен. Точниот датум на спуштањето на оваа мисија не е познат.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)