спрат (имн.) - од (предл.)

Неколку пати купуваше риба на пазарот, а потоа ни ја подготвуваше на скара на осмиот спрат од Метрополитен кулата, каде имаше голема тераса со поглед на Сиетл.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
На долниот спрат од куќата беше собата на баба и дедо, гостинската соба, големата трпезарија и кујните.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
На вториот спрат од куќата беа спалните за спиње за трите семејства.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Нивниот стан е на четврти спрат од старата зграда во која нема ни лифт.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)