спој (имн.) - на (предл.)

Спојот на технологија , контрола и страст во време на доцниот капитализам, и обидот тој да се раскине“, како што вели истражувачот на медиумите Peter Weibel , „се теми на неговите текстови“. Burroughs рано го воведе поимот на вирус во својот книжевен универзум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Целата новост што ја донесе сегашниот режим е еден спој на револуционерно и реакционерно чиешто насилно спроведување го врати средновековниот „теократски” човек на сцената на нашето нејако општество.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Нашето учество во создавањето на песната- песните, е во мигот на невидливиот спој на причината и оној што ја опишува таа причина.
„Вечната бесконечната“ од Михаил Ренџов (1996)
Присутните во свечени тоалети, огромните кристални лустери, спојот на раскошот и носталгијата ѝ заличува на телевизиските преноси на Новогодишниот концерт во Виена.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Е, токму на спојот на двата звука, тука блиску до соколааната, беше зборното место на Радица, матурантка во Економското училиште, и Роска, ученичка во Чевларското училиште.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Мислата на Рада се развлекуваше како ластик, од некаде долу на Југ, сѐ до спојот на Ушќе, местото каде што денес потона и излезе од вителот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Светлината се лизгаше од левата на десната страна и пак се враќаше назад во согласност со ритамот на звукот што го произведуваше некаков спој на неонката над мене и ја распаруваше тишината удирајќи ме во темето со тежина на олово.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
На балконите од повисоките згради висеа како гроздови сеирџии и во темните рамки од прозорците се лулаа подадени глави, зафатени од спојот на непреодлива љубопитност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Под малото уво спојот на квадртната вилица беше ниско паднат како да сакаше да ја пробие кожата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Таков спој на доживувања, како уживање во себе, никој друг не е способен да ѝ ги даде.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Според Милер, најособеното формално својство на бродвејскиот мјузикл е наизменичноста на драмата и музиката, на говорот и пеењето, што не само што создава неприродно тесен спој на тие два мошне спротивни начина туку и содржи нагли и намерно дезориентирачки пресврти од едното кон другото.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Хуманистичко стојалиште каде се негува спојот на традицијата и напредокот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И неа ја беа обзеле радосни чувства, но ја обзела и мислата за тоа дали е можна реализацијата на овој спој на разликите, како трајна судбина на овие деца.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)