способност (имн.) - од (предл.)

Госпоѓата гледаше во Луција изненадено, потем во мене; Луција ѝ рече: „Ете го“ (имав силна способност од дете да читам од усни).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Ама чаре има“, ѝ велиш победоносно, дека е среќна што те пронашла токму тебе во морето измамници што, ете, само се декларираат како сопственици на способности од видот на гледачи и предвидувачи, и исцелители на кои им е дадено со поглед и допир, како да се нечија продолжена рака, да ги редат работите по желба.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Оти почнав да се чувствувам како „шејтан“ жена, не помалку интелигентна од Сашо „Фактор Икс“, со помали фасцинантни предвидувачки способности од него, ама со аналитичен дух, кој може да се натпреварува со многумина што веќе имаат пола до час емисија, во која своите ставови ги оградуваат од уредувачката политика на телевизијата.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)