способност (имн.) - има (гл.)

Преостаната работна способност постои кога осигуреникот, кај кого е утврдено намалување на работната способност, може да работи најмалку со половина од полното работно време на работното место на кое работел пред настанувањето на инвалидноста или може да работи полно работно време на друго работно место – со или без преквалификација или доквалификација (поранешен чл. 42, ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Согласно ЗПИО од 1993 година, лицата со преостаната работна способност имаа право на неколку надоместоци: а) надоместок на плата од денот на настанувањето на инвалидноста до денот на распоредувањето или вработувањето на друга соодветна работа, или до упатување на преквалификација или доквалификација; б) надоместок на плата за време на преквалификацијата или доквалификацијата; в) надоместок на плата од денот на завршената преквалификација или доквалификација до денот на распоредувањето, или вработувањето на друго соодветно работно место; г) надоместок на плата поради работа со скратено работно време и д) надоместок поради помала плата на друго работно место (чл. 54, ЗПИО).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Осигуреникот кај кого постои преостаната работна способност има право на: 1) работа со скратено работно време; 2) распоредување, односно вработување на друга соодветна работа и 3) преквалификација или доквалификација (чл. 47, ст.1 од ЗПИО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)