Сега имаш доволно докази
за живот
- спомени
кои ја потхрануваат
имагинацијата
небаре е
суета - долго ликување
на заборавот, невидима јама.
И, се разбира, парадокс:
ќе биде она што најмалку си го посакувала
во склад со законот
на убедлива
веројатност.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Сфатив дека со молкот и немата загледаност во просторот пред себе си го раскажуваа заеднички изминатиот пат – патот на големите мечти и надежи, патот на изгубената младост во тешките, нерамни и крвави битки, во долгите ноќни маршеви, во студените бункери и земјанки, во болниците и под небото на далечни земји; долг пат што сега е претворен во рој од спомени кои како мониста се нижат на свилен конец.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Се губи врската со времето кое фуриозно поминува, во душата настанува немир, судбината може да се пошегува на најсуров начин а осаменоста и тагата пристигнуваат со брзина на светлината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Мислата влече назад во времето одминато што сал за миг се претвора во јаве, живнува празнината и ги разбудува спомените кои небаре врзани во синџир надоаѓаат, стегаат, гребат, толчат, гмечат, жежат и навејуваат тага.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Врши градација на душата која се поматува и се губи во студените, влажни, мувлосани монументални простри на сивото секојдневие во кои се губи изворот на светлината, ткаеж од спомени кои се параат во темнината.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Чашата на животот ми е полна со спомени кои вечно ќе го топлат мојот дом.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
И после толку години остарен е, а и збрчкан, злокобен е, а и чемерен погледот во моиве очи.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Овие два облика на дистанца, временска и просторна, како да ми беа вистински неопходни, особено со шармот и со расцутот на провансалската природа, да се вратам во далечните спомени кои, како грутка исполнета со болка, беа задржани во душата, особено да се сетам на моето неславно враќање, во пролетта 1979, кога во родната Албанија се славеше стогодишнината од раѓањето на Сталин.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)