Појавувајќи се во 17 и 18 век, во европските кафеани и салони, а подоцна и во памфлети, списанија и весници, идеите, медиумите и институциите и практиките кои придонесуваат за „критичко себепромислување и размислување за државата“81, т.е јавната сфера, првично се појавува во исклучивата средина на машките/ буржоаски/бели простори.
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)
- Вчера ѝ објаснував на мајка ми за ова списание и ѝ барав пари да си го купам.
„Јас - момчето молња“
од Јагода Михајловска Георгиева
(1989)
Со години веќе не пишуваше. Списанијата и книгите веќе не се продаваа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Полиците на нашите бибилиотеки се преполнети со теоретски книги, списанија и фотокопирани статии, и под тие купишта теоретски материјал, ѕирка по некој роман или збирка раскази.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
ТАА не е неделно списание и не излегува, како што вели тој, „во последно време откако се намножија независните весници“, туку е месечник и излегува повеќе од седум години.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Истото може да се каже и за сродната идеја на филозофот Јирген Хабермас за јавната сфера („сферата каде приватните лица се здружуваат во јавност“ 80).
„Простори на моќта“
од Зоран Попоски
(2009)