спирала (имн.) - на (предл.)

Реченицата е составена според правилата на синтаксата, а алитерацијата се засновува на трите слогови од секоја од четирите групи на зборови, создавајќи ја така спиралата на звукот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Знаеше и самиот, слушајќи ме, оставајќи ме да се доискажам, пред присутни сведоци, дека слегувам уште подлабоко во спиралата на големата и непростлива ерес во атеистичката земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А мене, еве ме излезен од спиралата на татковиот егзил, во фаталната проверка на една од постојаните илузии на бегалските семејства дека враќањето од егзил постои.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Никој не знае да објасни точно ама сите велат дека спиралата расте. Спиралата на омразата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Тој мирно си лежеше во креветот слушајќи си го срцето како му чука и како спиралата на пружината на креветот вибрира како одговор на неговото срце.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во куќичката на полжавот се отсликува спиралата на Фибоначи.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Семејниот идентитет беше отворената врата кон спиралата на другите семејства, кон другите енигми, кои ја осмислуваа потрагата по разликите кои ги наложуваше историјата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко, како во лична аскеза, постигнуваше комплексно читање на своите книги што, на крајот завршуваше и како целосно владеење со себеси, во слегувањето по спиралата на својата човечка суштина, успевајќи моќно да се спротивставува на силите на наметнувањето, на агресивните налети на балканското варварство.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)