Откако заврши пребрзо неговата кариера како социјалистички судија, со неговата отоманска кадиска диплома, без надеж дека ќе го бара спасот во Партијата, стануваше навистина неизвесна неговата судбина, иднината на семејството.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Му нема спас во земјава. Никаде му нема спас.
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Не сум сигурна дали бараше спас во мене или вистински сакаше да бидам со него.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Да ги изречеше овие грешни мисли и пред најдобронамерните партиски идеолози, сигурно ќе ти немаше спас во оваа земја.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Време кога беше исцрпен во западна Европа моделот на држава-нација кој претпоставуваше силно, јакобинистичко единство и сега се трагаше по моќни интегративни целини, додека на Балканот се бараше задоцнетиот спас во архаичните држави-нации, по цена на братоубиствени судири, етнички чистења, нови граници.
„Потрага по Елен Лејбовиц“
од Луан Старова
(2008)
Мене ми остана да си ги соберам пљачките од кај мајка Роса каде што побарав спас во друштвото на нејзините моми и се преселив во одајчето на Димостена близу Одборот.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
Беше тоа сложена позиција за дипломатот кој некогаш бранеше една а сега друга реалност? Беше тоа помалку невозможна мисија.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Поранешните дипломати на Југославија, кои во федерацијата според паритет ги претставуваа шесте републики и двете автономни покраини, го напуштаа предвреме бродот со изгубениот кормилар за да најдат спас во првиот пристан.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Не знаејќи што да прави, почна да ја корне тревата пред себе, но тоа само го потсети на верувањето од детството дека тоа носи дожд, та уште повеќе се изнервира и очаја поради што почна да бара спас во нанесувањето бол на самиот себеси: силно се удираше по бутините, по колениците, во слабината, по главата, се штипеше.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)