спална (имн.) - соба (имн.)

Потоа во колони ги спроведуваа по градот.  Тие денови бев болен и спиев во спалната соба со моите родители.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Целиот тој ден остана дома, затворен во спалната соба, свиткан преку очите со цврсто стегнатата свилена ешарпа, и легнат на празниот кревет со едната рака испружена на страната каде што обично лежеше Лила.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Потоа погледот ѝ паѓа на карт-посталот со ракописот на маж ѝ, и како и секое утро, откако ќе утврди дека децата спијат, наместо кошмарниот сон, ја реконструира приказната на нејзиниот живот, особено нејзините последни неколку години.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А наоколу мириса на цутови ...  Гита Корец секогаш на ова место ги отвора очите во спалната соба од архирабинската резиденција во Солун, оставајќи го носталгичниот сон недосонуван.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
На пример, дијалогот може да биде помеѓу мажот кој штотуку ја загубил работата, но немал храброст тоа да ú го соопшти на својата жена, која пак го крие љубовникот во спалната соба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Непродадените цртежи ги закачуваше на yидовите од спалната соба.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не споменувајте го синот, војната, смртта или старецот кој ја набљудува куќата.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Неколку минути подоцна силовито се отвара вратата на спалната соба и бупнува Фјодоровата глава; неишишана, неизбричена, црвена, со разгорачени очи и со уста спремна да каса. -Каде се моите пари!!!
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Ги навлече папучите и се шмугна во клозетот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Седнав на подот од спалната соба на Изабел и Бертран и почнав да ги вртам страниците на книгата којашто предизвика голема љубопитност кај мене.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
- Знаете јас, промрморев нешто како правдање... а тој како да не обрна внимание на моите неповрзани зборови се упати право во спалната соба при тоа дофрлајќи ми - Заборавив нешто да земам па се вратив.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Се качи по скалите на катот, влезе во бањата низ спалната соба и во шкафчињата почна да ги реди козметичките препарати.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Студенилото на спалната соба ја стресе низ тенката ноќница, па триејќи си ги рамената со рацете, дојде до прозорецот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Вратата на спалната соба на татко ѝ беше подотворена и таа стресено ѕирна внатре.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Врелиот воздух на австралиското лето веднаш продре во собата и за миг ја уништи свежината на климатизерите.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Со нозете во снегот кој заврнал преку ноќта, од другата страна на стаклото стоеше еден единствен гавран.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Шест до осум месеци – си повтори и го отвори прозорецот на спалната соба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Посивен од тага и од бдеење, небричен неколку дена, тој благо ја поттурна кон вратата на спалната соба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
За миг подзастана среде своите рутински движења кога на кремот за лице прочита „заштитен фактор 30“.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Заспа на масата, од умор, од солзи, од среќа, пред да се премести во спалната соба што ѝ ја дадоа кога ја донесе дома, гледајќи го со молба во очите.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Долгиот Томо и Рада во спалната соба ги чекаше легло со вонстандардни димензии.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но во спалната соба добрите парфеми ме смирија, и белите огледала, нежно-жолтите перници, многу скапоцености што знаат да го разгалат човека, но коишто како да се забранети и платени од решителноста што никој не би ја признал, па едвај и вие, што сте без корен...
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Зад аголот Ќе ги оставам вечерва емоциите во спалната соба.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Ема со врвот од јазикот го проба пудингот од малата стаклена порција и кога минуваше низ ходникот од кујната во спалната соба јас сѐ уште стоев отпростум во кадата, крај сината мушама, со дебела фротирка преку вратот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Таквото чувство набргу избледна кога во креветот, поставен во средината на спалната соба, ги лижев преостанатите капки по кожата на Ема која неколку минути пред тоа се упати од купатилото во кујната, таму си стави на јазикот една лажичка пудинг и дојде кај мене, свиткувајќи ми се меѓу нозете, гола и влажна.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Влезе во спалната соба.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во спалната соба имаше два кауча. Не - брачен кревет.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
„Се прашувам“, рече мажот доаѓајќи од спалната соба и обѕирајќи се, запирајќи в час со лулето в рака.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Минаа низ куќата, ги изгасија светлата и појдоа во спалната соба.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Келнерот ни ги донесе прекривачите од спалната соба, а храната ни ја остава на маса.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Тој ден по ручекот како и обично, моите си легнаа во спалната соба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Седевме Кети и јас, еден крај друг на прозорецот од спалната соба на горниот кат од нивната викендичка на Попова Шапка и гледавме во чудните предели облеани со бела месечева светлина, кои ноќе, онака голи, без ниедно дрво, прилегаа на скаменет пејзаж од некоја далечна планета од научнофантастичните филмови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Но, пред да се сетам на што и да е интересно, вратата од спалната соба крцна и самата се подотвори.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Бреза и Елена, помалата сестра на Кети, веќе беа заспани во спалната соба до нашата.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека така се занесував со прекрасни планови, слушнав дека во спалната соба влезе татко ми и бараше нешто во фиоките.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Влегов и во спалната соба за да се уверам дека е така. Збеснав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)