Ама добро е шо и покрај то, Франција му останва сојузник на Британија.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Како што од пандорината кутија излезе само надежта, така ќе остане таа тајна, да тлее и прогонува сè што живее. Ќе биде највлијателниот двигател на телесни задоволства и непроменливиот сојузник на гревот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
При таквите географски услови јасно е оти Македонците не можеа да се ослободат од Византија и готови беа да му бидат сојузници на секој непријател што ќе војува против Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Знаеме дека тие му се најсигурни сојузници на непријателот.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Безуспешно војувал против Босна поради Хум, против Унгарците кои навлегле во Србија и против Османлиите како сојузници на Византија.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)
Македонците станаа сојузници на Србите и со тоа се ослободија од Византијците.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
141. Словените од Бугарија и од Македонија најнапред беа само сојузници на Бугарите во војните со Византија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)