сојуз (имн.) - помеѓу (предл.)

По цели ноќи минуваше со стариот добар приемник за да ги допре цариградските вести, да открие дали навистина, на Балканот, ќе може да се надева на подобри времиња и дали привремениот сојуз помеѓу трите балкански држави, ќе биде посилен од вековните анимозитети и спротивставености?
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сепак се пишуваа строго доверливи извештаи врз основа на честите тајни доставки за антикласниот сојуз помеѓу Чанга и татко ми, за интелектуалецот и козарот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Сојузот помеѓу едно домашно животно кој трае веќе миленуми и на човекот природно му се наложува.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
51. Токму тоа и се случи подоцна: првин се одеше кон поделба на Македонија на сфери за влијание, а потоа кон поделба на териториите, коешто и доведе до новиот “Договор за пријателство и сојуз помеѓу Кралство Србија и Царство Бугарија” од 29.2.1912 год. што всушност, како што вели М.Миловановиќ, беше “српско-бугарско-руска балканска спогодба”, бидејќи беше постигнат со активното посредство на Русија и бидејќи пак рускиот император беше признат како врховен арбитар за сите спорни прашања.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)